Во тек е втората фаза од обновата на патот Пониква – Кочани

Од:

На потегот од улицата „Страшо Ербапче“ кон Пониква во должина од 7,4 километри во тек е втората фаза од рехабилитацијата на дел од регионалниот пат меѓу Кочани и Пониква.

Горниот слој од коловозот е веќе отстранет, обработени се најоштетените површини кои се пополнуваат, по што ќе биде поставен нов асфалтен слој. Проектот опфаќа и рабници, сливници за атмосферска вода и нови еластични огради.

За целиот градежен зафат се наменети 41,6 милиони денари што ги обезбеди Јавното претпријатие за државни патишта.

Во првата фаза од рехабилитацијата што се реализираше минатата година, беше поправен најоштетениот дел од патот, на потегот од паркингот на Пониква кон Кочани, во должина од 10,4 километри. Заедно со овие активности беа реконструирани и 2,4 километри од улицата „Страшо Ербапче“, од влезот во Кочани до клучката кај селото Бели.

Со целосната рехабилитација на патот Кочани – Пониква се решава едно од најзначајните инфраструктурни прашања за развој на туризмот – обезбедување квалитетна сообраќајна поврзаност.

Паралелно со овој проект, на Пониква се реконструираат двата ски-лифта, се градат планинарски дом и две велосипедски патеки од Кочани до Пониква, а на повидок е и изградба на мала брана на Арамиска Чешма со што ќе реши водоснабдувањето на туристичкиот комплекс.

Од локалната самуправа на Кочани очекуваат со реализацијата на овие проекти да се зголемат туристичките потенцијали на Пониква и да придонесат за побрз развој на регионот.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска