Во Струмица координативна обука за мерките за вработување на АВРМ и УНДП

Од:

Во Струмица денеска се одржа првата координативна обука со Центрите за вработување и Центрите за социјални работи од општините кои гравитираат во југоисточна Македонија, за запознавање со мерките за вработување предложени со измените на оперативниот план.

Младите и вработувањето на тешко вработливите категории граѓани се во фокусот на дополнувањата на оперативнииот план, велат од УНДП кои се партнери на Агенцијата за вработување во спроведувањето на мерките за вработување.

– Во овие обуки вклучени се и ромските информативни центри и други локални чинители кои може да допринесат за поголем опфат на невработените лица на пазарот на трудот. На овој начин сакаме да се координираме со локалните центри за вработување и центрите за социјална работа за имплементација на измените и дополнувањата на мерките за вработување, вели Урим Касапи, програмски координатор за социјална инклузија при УНДП.

Директорката на АВРМ, Билјана Јованова вели дека акцентот е ставен врз младите и ранливите категории граѓани за нивна поголема конкурентност на пазарот на трудот.

– Сакаме институциите да се доближат до овие ранливи категории и да им овозможиме или аплицирање во мерките кое би резултирало или со крајно вработување или пак дел со вработливост, односно нивно приспособување на пазарот на трудот, рече Јованова.

Таа нагласи дека на Агенцијата, како владина институција битни им се ставовите и предлозите на сите вклучени во креирањето на конечните политики и програми.

– Нас ни е важно мислењето и на бизнис заедниците и на синдикатите, на стопаснките комори, невработените лица и на сите вклучени во процесот. Нивните предлози , идеи, ставови ќе ги земеме предвид при подготовката на Оперативниот план за 2018 година, рече Јовановска.

И АВРМ и УНДП се задоволни од досегашната соработка, истакнувајќи дека во иднина планираат промоција на нови програми во делот на вработувањето.

Меѓу мерките кои минатата недела ги промовираа министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и Луиза Винтон од УНДП, предвидени се грантови за млади и старт ап компании во висина од 10 илјади евра, како и стимулирање на бизнис заедницата за нови 250 вработувања до крајот на годината.

За оваа намена обезбедени се шеснаесет милиони евра и дополнителни два милиони од ребалансот на Буџетот.

Освен во Струмица, координативни обуки ќе бидат организирани и во Скопје и во Струга.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Струмичани ќе се возат во јапонски автобуси од 700.000 евра

Орце Костов

Најмногу дожд во Струмица

Во Струмица мерки за заштита од загадениот воздух

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Трите деца од семејството на девојчето кое се лекува од тешки повреди во Клинички во Скопје ќе добијат старател

Катерина Ѓуровски