Во Србија завршиле дури шест милијарди долари странски инвестиции во минатата година

Од:

Западен Балкан во 2018 година забележал најголем прилив на гринфилд странски инвестиции во деценијата, од дури 9,36 милијарди долари.

Голем дел од од речиси шест милијарди долари завршиле во Србија, пишува порталот fDi Intelligence, специјализиран сервис на Фајненшл Тајмс.

Станува збор за најголемиот прилив на гринфилд инвестиции на Западен Балкан од 2003 година, од кога е основан сервисот fDi Markets за следење на тие вложувања, се наведува во текстот.

И покрај тоа што се уште е надвор од Европската унија, регионот привлекол 147 проекти минатата година, што е најголем број во последните шест години.

-Србија, најголема држава на Западен Балкан по територија и по жители, го предводеше регионот во 2018 година со рекордни 5,98 милијарди долари странски инвестиции во 105 гринфилд проекти, се истакнува во текстот.

Во текстот се потсетува и на изјавата на српската премиерка Ана Брнабиќ во јуни оваа година дека во првите пет месеци на 2019 година, Србија привлекла 1,2 милијарди евра директни странски инвестиции што е за 17 проценти подобро од 2018 година.

Додека Србија имаше најголем дел (околу 70 проценти) во вкупните гринфилд инвестиции, уделот на БиХ е четири гринфилд проекти, а Црна Гора привлекла 11 гринфилд инвестиции.

Според најновите податоци на fDi Markets, Северна Македонија од јуни 2018 до мај 2019 година привлекла 184,4 милиони долари, а Албанија 809,9 милиони долари, со што Македонија има раст од 200 насто, а Албанија од 80 насто во споредба со истиот период од претходната година.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати