Во септември каматните стапки на кредитите 5,09 проценти, на депозитите 1,36

Од:

Во септември годинава продолжи трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити, која забележа месечен пад од 0,04 процентни поени и се сведе на ниво од 5,09 проценти. На годишна основа падот кај оваа каматна стапка изнесува 0,37 процентни поени, соопшти денеска Народната банка.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 1,36 проценти и забележа месечен и годишен пад од 0,02 процентни поени и 0,06 процентни соодветно.

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити минатиот месец се намали за 0,15 процентни поени на месечна основа и изнесува 4,46 проценти, додека на годишна основа оствари пад од 0,40 процентни поени.

Во септември, просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор изнесува 4,32 процента, а на новоодобрените кредити на домаќинствата изнесува 5,10 проценти.

Во септември, просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 1,27 проценти по остварен месечен раст од 0,17 процентни поени. На годишна основа, кај каматните стапки на новопримените депозити е евидентиран пад од 0,30 процентни поени. За новопримените депозити на домаќинставата каматната стапка изнесувала 1,24 проценти, со минимален раст од 0,01 процентен поен.

Би можело да ве интересира

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

Надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра во последните три месеци од 2023 година

Орце Костов

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари зголемена, кај депозитите намалување на месечно ниво

Девизните резрви на крајот на јануари 4,33 милијарди евра

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан