Во септември и октомври се очекуваат првите чартери на релација Софија – Охрид

Од:

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од 13 до 15 февруари ќе ја презентира туристичката понуда на Северна Македонија заедно со дванаесет ко-егзибитори на најголемиот настан во туристичката индустрија во Бугарија, што се организира по 37-ми пат – „Holiday & Spa Expo“.

Можностите за промоција на туризмот АППТ ги промовира заедно со општините Дојран, Струга, Крушево, Струмица, и делегација од повеќе од триесетина туроператори и хотелите Аурора, Изгрев, Силекс, Гогов, Сириус, Парк, Маива, Мизо и туристичката агенцијa Глобус Травел, соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

– Бугарскиот туристички пазар е еден од најзначајните за туристичкото стопанство на Северна Македонија. Профилот на туристи од Бугарија кои патуваат во нашата земја вклучува посетители чија старосна граница е околу 35-45 години, патуваат организирано (фамилијарни посети), а го посетуваат Охрид, Скопје, Струмица, Делчево, Крива Паланка. Најчесто патуваат за одмор и еднодневни екскурзии во источниот регион на нашата земја, гастрономско уживање, посета на манифестации и верски туризам, изјави директорот на АППТ, Љупчо Јаневски.

Најави дека оваа година во септември и октомври се очекуваат првите чартери на релација Софија – Охрид, по подолг период преговори за поврзување на Северна Македонија и Бугарија.

Истакна и дека придобивки од учеството на земјава на “HOLIDAY & SPA EXPO 2020” е вмрежување и деловни контакти со големи туристички компании низ целиот свет, нови можности за инвестирање и проширување на работа во туристичкиот сектор, учество на конференции, панел дискусии и настани поврзани со иднината и перспективите на туристичкиот сектор, место каде може да се обезбедат договори за испорака на производи и услуги.

– Саемската манифестација нуди одлична можност да бидеме во тек со најновите трендови и можности за бизнис во туристичкиот сектор, како и набљудување на конкурентното опкружување во регионот и пошироко, рече Јаневски.

Меѓународната туристичка берза „HOLIDAY & SPA EXPO“ е во календарот на најзначајните настани во туристичкиот бизнис веќе 37 години како најрепрезентативен туристички настан во Бугарија, а на кој се промовираат повеќе од 60 дестинации и туристички региони со учество на 20.000 професионалци и посетители.

Промоцијата на македонските туристички дестинации на бугарскиот пазар секако ќе го зголеми бројот на туристи од Бугарија, кој изнесува седум отсто раст кај туристите и пет отсто зголемување на ноќевањата во 2019. Целта за 2020 година е раст на странските туристи од 5-7 отсто ,остварени ноќевања со раст од десет проценти односно 1,3 милиони туристи, што поблиску до четири милиони ноќевања и 420 милиони девизен прилив од туризмот, додава Агенцијата во соопштението.

Согласно последните статистички податоци во периодот јануари – декември 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, купниот број на туристите е зголемен за 5,1 отсто, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1,9 отсто, а кај странските има зголемување за 7,1 отсто.

Во периодот јануари – декември 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 2,7 проценти и тоа: бројот на ноќевањата на домашните туристи остана на исто ниво, а кај странските има зголемување за 5,8 проценти.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Ана Ололовска