Во САД во ноември се вработиле 210.000 лица, помалку од предвиденото, но стапката на невработеност паѓа

Од:

Вработеноста во САД значително се намали во ноември со отпуштања во малопродажбата и во образованието, но стапката на невработеност покажа добри резултати од 4.2 отсто, најмалку во изминатите 21 месец, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Намалената невработеност во ноември до четири отсто е во споредба со октомври, а тоа ја одразува бројката од речиси 600.000 нови вработувања во ноември, објавена претходно од Министерството за труд на САД.

Иако Министерството денеска објави друга бројка – дека во ноември биле вработени 210.000 лица, помалку од половина во октомври и многу помалку од предвидените 500.000 со оглед на празничниот период, според извештајот, двете бројки се разликуваат бидејќи едната е од анкетирани работодавачи, а другата е од домаќинствата.

Американската економија се враќа на ниво пред пандемијата, но мошне споро. Бројките покажуваат дека дел од Американците кои ја изгубиле работата поради пандемијата се враќаат на пазарот на трудот. Од анкетите на домаќинствата се дознава дека речиси 600.000 лица се вратиле на работа во ноември.

Тоа во ноември го зголеми влијанието на работоспособните Американци кои имаат работа или ја бараат до 61.8 отсто, споредбено со 61.6 отсто во октомври. Сепак, во САД во моментот се вработени 2.4 милиони луѓе помалку во споредба со периодот пред пандемијата.

Економистите сметаат дека силниот берзански пазар и високите цени на станбената недвижност ја зголемиле благосостојбата на многу Американци што придонело за тоа предвремено да се пензионираат. Исто така, многу домаќинства имаат огромни заштеди и нивните члеови не се брзаат да најдат работа.

Покрај тоа во САД се забележува и пораст на самовработувања.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Санкции сега против Русија би ја намалиле можноста за спречување на агресија врз Украина

Ана Ололовска

Марш против мерките за вакцинација во Вашингтон

Ана Ололовска

Кина остро демантира: Тоа е апсолутна лага

Ана Ололовска

Захарова: Очекуваме воена провокација во пресрет на Олимпијадата во Кина

Ана Ололовска

Вашингтон не планира организирана евакуација на Американци од Украина

Ана Ололовска

Стејт департмент: Бидете свесни, Русија планира воена акција против Украина

Ана Ололовска