Во САД отворени 4,8 милиони работни места

Од:

Американските работодавачи отворија значително повеќе работни места во јуни отколку што се очекуваше, алудирајќи на евентуален непосреден крај на кризата, иако новиот пораст на бројот на заразени со вирусот Ковид-19 се заканува да го загрози заздравувањето на економијата.

Во јуни се отворени 4,8 милиони нови работни места во САД, објави тамошното Министерството за труд.

Тоа е најголем број на новосоздадени работни места во еден месец од 1939 година, кога државата почна да ги евидентира тие податоци.

Во мај беа отворени речиси 2,7 милиони работни места.

Економистите најавуваа бројка од околу три милиони работни места во јуни.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Спектакуларно бегство на затворен од САД

САД: Очекуваме Иран да го нападне Израел

САД: Му кажавме на Иран дека не учествуваме во нападот на конзулатот во Дамаск

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја