Во Ресен промовиран проектот „Пчеларството – еколошки бизнис за млади“

Од:

Десет млади пчелари од Преспа наредните седум месеци ќе имаат можност теоретски и практично да научат како се одгледуваат пчели и сами да можат да почнат еколошки бизнис во рамките на проектот „Пчеларство – еколошки бизнис за млади“. Проектот беше промовиран денеска во Општина Ресен, а го реализира Здружението за рурален развој „Локална акциона група Преспа – Ресен“ во партнерство со Здружението на агропроизводители „Благој А. Котларовски“.

Целта, според координаторот Јовица Волкановски, е да се обезбеди вработување за младите преку еколошки бизнис.

-Некои се занимаваат со пчеларство како хоби, но доколку ги научат тајните на пчеларството, тоа може да помине во доходовен семеен бизнис, изјави Волкановски, кој е пчелар со долгогодишно искуство.

Заинтересираните пчелари до 40 години старост, може да се пријават на огласот најдоцна до 1 март, а ќе бидат избрани 10 лица од кои седум машки и три женски.

-Избраните кандидати два месеца ќе имаат тооретски предавања околу начинот на одгледување и заштитата на пчелите. Пет месеци пак практично ќе имаат можност да учат од искусни пчелари. Секој од кандидатите ќе добие по две пчелни семејства, кои за сите заедно ќе бидат поставени на еколошка локација и ќе имаат обврска да се грижат за нив со своите ментори, појасни Волкановски.

Дел од искусните пчелари, кои присуствуваа промоцијата им понудија помош и совети на помладите.

Проектот „Пчеларство – еколошки бизнис за млади“ се реализира во рамки на „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан – ReLOaD“, финансирана Европската унија преку програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и има буџет од 622.000 денари.

Би можело да ве интересира

Тепачка во Одделението за урбанизам во општина Ресен, уапсен е насилникот

Силувал 6-годишно девојче, искористил што си играла со внука му – притвор за жител на Ресен

Анита Петровска Рајковиќ

Татко и син од Ресен завршија во болница спасувајќи ја куќата од пожар

Горан Наумовски

Приведен маж од ресенско, злоупотребил картичка на скопјанка

А1он

Приведен крадец од Ресен, одреден му е притвор

А1он

Николовски од Ресен: Производителите на јаболка за прв пат оваа година ќе имаат две исплати за субвенции

А1он