Во мај вебинар на Стопанската комора за влијанието на Ковид врз осигурителниот сектор

Од:

Стопанската комора на Македонија во мај ќе организира вебинар на тема: „Влијанието на Ковид-19 врз осигурителната индустрија, тековни трендови и изгледи за иднината“.

Се очекува учество на претставници од осигурителните компании од земјава, брокерските друштва, банките, Агенцијата за супервизија на осигирувањето, Министерството за финансии и од Нациолното биро за осигурување, како и на претставници од агенциите и телата за супервизија на осигурувањето од други држави.

Стопанската комора најавува говорници од светот на осигурувањето од Европа и САД, Словенија и Хрватска.

– Друштвата за осигурување во земјава се генерално добро капитализирани и користат софистицирани напредни методи за управување со ризици, кои треба да им помогнат да ги издржат ударите поврзани со Ковид-19. Имајќи го предвид значењето на осигурувањето во обезбедување заштита на поединци, домаќинства и деловни субјекти, регулаторните тела преземаат активности за одржување на финансиското здравје на друштвата за осигурување, давајќи придонес во одржувањето на стабилноста на целиот финансиски систем. Но, пандемијата остава сериозни последици врз глобалната економија и финансиските системи, а во тој контекст и врз друштвата за осигурување. Оттука, важно е да се има јасен увид во моменталните последици и идните предизвици од влијанието на Ковид-19 врз осигурителниот сектор, велат од Комората.

Вебинарот е инициран и на него воведничар ќе биде КлимеПопоски, поранешниот претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, а сегашен член на Собранието на Стопанската комора.

Би можело да ве интересира

Стопанска комора: Паметна специјализација за конкурентна економија

Ана Ололовска

ВИДЕО: РКЕ и Стопанската комора заедно ќе работат на предлогот за измени на Законот за градба во делот на греењето

Ана Ололовска

Стопанската комора бара веднаш да продолжи соработката со новата Влада

Ана Ололовска

Претседателот на Стопанската комора за енергетика: Измамници нечесни, вирусот не е смртоносен

Ландов

Пешев: Во периодот што следува компаниите ќе имаат проблем да ја одржат ликвидноста

Ана Ололовска

Стопанската комора: Измените на економските мерки се добри за бизнисот, но остануваат отворени важни прашања за идниот период

А1он