Во мај раст на вкупниот промет во индустријата од 58 отсто на годишно и 1,9 проценти на месечно ниво

Од:

Прометот во индустријата вкупно во мај годинава во однос на истиот месец лани е зголемен за 58 проценти, објави Државниот завод за статистика.

dobivaj vesti na viber

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во мај годинава во однос на мај минатата година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 57,1 процент, Капитални производи за 116 проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 54,7 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,4 проценти.

Прометот во индустријата вкупно во мај во однос на април годинава, бележи раст од 1,9 проценти, додека во периодот јануари – мај година, во однос на истиот период лани од 28,1 процент.

На домашниот пазар, во мај годинава во однос на мај минатата година, има зголемување од 9,5 отсто на прометот во индустријата. Според главните индустриски групи, порастот е кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7,6 проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 40,5 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9,7 проценти, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 1,4 проценти..

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во мај 2021 година, во однос на април 2021 година, е намален за 4,5 проценти, додека во периодот јануари – мај 2021 година, во однос на периодот јануари – мај 2020 година е со раст од 3,8 проценти.

На странските пазари, пак, прометот во индустријата во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, се зголемил за 77,2 отсто. Сележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 81,1 процент, Капитални производи за 121,5 проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 50,3 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,4 проценти.

Прометот во индустријата на странските пазари, во мај годинава во однос на претходниот месец е со раст од 3,9 проценти, а во периодот јануари – мај 2021 година, во однос на истиот период лани е зголе,ен за 35 проценти.

Би можело да ве интересира

Раст од 4,7 проценти на индустриското производство во ноември годинава

Ана Ололовска

Белата куќа ќе мора да реагира на недостигот од чипови за американската индустрија

А1он

Намален бројот на работници во индустријата

А1он

Зголемен прометот во индустријата

А1он

Во јуни раст од 9,5 проценти на индустриското производство на годишно ниво

Ана Ололовска

Намален бројот на работници во индустријата

Ана Ололовска