Во Македонија во јуни годинава се потрошени 497.369 МWh електрична енергија, 3.578 мил. нм3 природен гас, 418.051 тони јаглен и 86.716 тони нафтени продукти, соопшти Државниот завод за статистика.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 68,1 отсто во бруто-домашната потрошувачка на струја, додека 94,9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.