Во Италија намалена потрошувачката на сладолед, проблем за 74 илјади работници

Од:

Италија, која е светски лидер во производство на сладолед, оваа година поради пандемијата на Ковид-19, забележа 23 отсто помала побарувачка и потрошувачка, во однос на минатата година, пишува агенцијата АГИ.

Според агенцијата, ситуацијата е загрижувачка, бидејќи занаетчиското производство на сладолед во Италија вработува 74 илјади работници во 39 илјади слаткарници.

Италијанските производители на сладолед годишно користат 220 милиони литри млеко, 64 милиони килограми шеќер, 21 милиони килограми свежо овошје и 29 милиони килограми други производи.

Досега производството и продажбата на сладолед имаа годишен приход од 4 милијарди и 200 милиони евра.

Кризата во продажбата на сладолед се појави поради намалениот број странски туристи кои се главни потрошувачи на овој деликатес. Засега има 10 милиони туристи помалку од претходните години, а 23 проценти помалку Италијанци од лани.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим

Италијанската полиција уапси 55 мафијаши