Во Германија 60 отсто од домаќинствата гo трошат целиот месечен приход

Од:

Главната организација на германските штедилници и банки DSGV соопшти дека 60 отсто од домаќинствата во земјата мора да ја потрошат целата својата месечна заработка на трошоците за животот.

Таквата ситуација доведува до тоа дека луѓето помалку трошат на угостителството, туризмот, купувањето и другите услуги, предупредија од DSGV.

Претседателот на ова здружение, Халмут Шлевејс дополнително предупреди дека компаниите се соочени со егзистенцијалните закани поради растечките трошоци за енергијата. Здружението повикува на ограничување на цените на струјата и гасот.

Здружението, исто така, ги повикува компаниите својот капитал да го вложуваат во обновливите извори на енергија и да гарантираат долгорочно снабдување со енергија.

Истовремено Германското здружение на енергетските и водните индустрии ја повика владата во Берлин да им помогне на средните претпријатија и комуналните компании на коишто им се заканува опасноста да бидат преплавени со сметки за енергија.

„Владината поддршка за ублажување на ударите од кризата предизвикана од цените на енергијата досега главно беше насочена на приватните домаќинства. Сега владата мора да се насочи и на средно-големите претпријатија, како и на комуналните претпријатија“, изјави претседателката на здружението Мари-Луиз Волф.

 

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани