Во Франција инфлацијата потврдена на 4,8 отсто во текот на една година во април

Од:

Инфлацијата достигна 4,8 отсто во текот на една година во април, по 4,5 отсто во март, објави денеска Националниот институт за статистички и економски студии, потврдувајќи ја својата прва проценка објавена на крајот на април, јави дописникот на МИА од Париз.

Ова ниво на инфлација не е забележано од ноември 1985 година и се објаснува со наглиот раст на цените на речиси сите категории производи, а предничи енергијата (+26,5 отсто). Во април, цените на храната (+3,8 отсто) и на услугите (+3 отсто), исто така, значително се зголемија во однос на претходниот месец, кога беа зголемени за 2,9 отсто и 2,3 отсто, соодветно.

Зголемувањето на цените беше особено силно за храната, со забрзување на поскапувањето на свежиот зеленчук и другите производи (месо, леб и житарки, масла и масти итн.). Цените на услугите се поттикнати од транспортните услуги, особено воздушниот транспорт, при што се зголемени за 22,4 отсто во април, по +5,7 отсто во март. Единствените надолни цени во текот на една година се оние на тутунот (-0,1 отсто) и на здравствените производи (-1,2 отсто).

Усогласениот индекс, кој служи како основа за споредба на европско ниво, се зголеми за 5,4 отсто на годишно ниво, по 5,1 отсто претходниот месец. Инфлацијата треба дополнително да се забрза во наредните месеци, при што ИНСЕЕ сè уште очекува зголемување на цената од 5,4 отсто во јуни.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво

Во Франција се уапсени 13 лица осомничени дека се членови на нарко-банда од Марсеј

(ВИДЕО) Драма во Франција: Поплава однесе татко и две деца

Франција абортусот го прогласи за уставно право

ВИДЕО: Во Франција горат 900 тони литиумски батерии

Во Франција, бројот на случаи на сифилис се зголеми за 110% за две години