Во февруари намален бројот на работници во индустријата

Од:

Бројот на работници во индустријата во февруари годинава во однос на истиот месец лани е намален за 3,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

dobivaj vesti na viber

Во секторот Рударство и вадење на камен во февруари годинава во однос на февруари лани бројот на работници бележи опаѓање од 6,7 проценти, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 3,7 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2,9 проценти.

Според главните индустриски групи, бројот на работници во индустријата во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, бележи опаѓање кај Енергија за 3,8 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 4,8 проценти, Капитални производи за 2,3 проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 1,1 процент и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,3 проценти.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – февруари 2021 година, во однос на периодот јануари – февруари 2020 година, е намален за 3,8 проценти.

Би можело да ве интересира

Раст од 4,7 проценти на индустриското производство во ноември годинава

Ана Ололовска

Белата куќа ќе мора да реагира на недостигот од чипови за американската индустрија

А1он

Намален бројот на работници во индустријата

А1он

Зголемен прометот во индустријата

А1он

Во јуни раст од 9,5 проценти на индустриското производство на годишно ниво

Ана Ололовска

Во мај раст на вкупниот промет во индустријата од 58 отсто на годишно и 1,9 проценти на месечно ниво

Ана Ололовска