Во ЕУ забележан најголемиот квартален пад на БДП во последниот четврт век

Од:

Во вториот квартал на 2020 година, Европската унија забележа сезонски пад на БДП од 11,4 , односно 11,8 проценти за еврозоната, покажуваат податоците на Евростат.

Во вториот квартал на 2020 година, потрошувачката во европските домаќинства и бројот на вработени продолжија да опаѓаат.

Заводот за статистика на ЕУ наведува дека падот на БДП од 11,4 проценти, односно 11,8 проценти, соодветно, во споредба со првиот квартал од 2020 година, убедливо е најголемиот пад забележан од почетокот на сезонското мерење во 1995 година.

Во споредба со истиот квартал минатата година, БДП падна за 14,7 проценти во еврозоната и за 13,9 проценти на ниво на ЕУ.

Во текот на вториот квартал на 2020 година, трошоците за потрошувачка на домаќинства се намалија за 12,4 отсто во еврозоната и за 12 отсто во ЕУ.

Во истиот период, извозот се намали за 18,8 отсто во еврозоната и во ЕУ, додека увозот се намали за 18 проценти во еврозоната и 17,8 отсто во ЕУ.

Во вториот квартал на 2020 година, Еврозоната забележа пад на бројот на вработени во споредба со првите три месеци од оваа година за 2,9 проценти, односно за 2,7 отсто на ниво на ЕУ, што е воедно и најостриот пад забележан од почетокот на сезонските серии во 1995 година.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески