Во Британија стравуваат поради најавеното зголемување на даноците

Од:

Богатите претприемачи во Белика Британија стравуваат од претстојното зголемување на даноците во државата – највисоко за изминатите 60 години. Тоа се податоци на анализа на швајцарската банка Laobard Odier.

Повеќе од две третини од вкупно 250 од нив стравуваат од најавите за зголемени даноци на богатство. Над 50 отсто од анкетираните сметаат дека е потенцијален проблем зголемувањето на корпоративниот данок и врз трансферите на богатство, јави Блумберг.

Во март властите претставија план за брза обнова на екномијата од пандемијата што на краткорочно се бара поддршка за бизнисите и нови инвестиции. Но, на долгорочен план, се предвидува најголемо зголемуивање на даноците за физички лица и за компании.

Според плановите, даночното оптоварување ќе достигне 35 отсто од БДП, што е највисоко ниво од 60-те години на минатиот век. Според плановите за 2023 година, данокот на добивка ќе се зголеми од 19 на 25 проценти, што ќе гарантира дополнителни приходи во државниот буџет во износ од 17 милиони фунти годишно. Од друга страна, Министерството за финансии објави дека компаниите, што ќе направат големи инвестиции во наредните години, ќе добијат даночно олеснување.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он