Во БиХ најевтин, во Словенија најскап бензинот во регионот

Од:

Босна и Херцеговина има најевтини цени на нафтени деривати во регионот, а горивото е најскапо во Словенија.

Цена на литар бензин во БиХ е 0,90 евра, во Македонија е едно евро, во Србија 1,19 евра, во Црна Гора 1,22 евра, во Хрватска 1,24 евра и најскапо е во Словенија, каде чини 1,25 евра, се наведува во анализата на француски „Цофаце“ (Compagnie Française d’Assurance pour le Commerce Extérieur).

Сепак, во здруженијата на потрошувачи нагласуваат дека цената на некој производ не може да се гледа изолирано, односно мора да се доведе во врска со месечните приходи на граѓаните.

Доколку се доведат во сооднос просечните плати и цената на горивото, тогаш за иста сума, најмалку гориво можат да купат Македонците, Србите и Црногорците. По нив следуваат граѓаните на БиХ. Од друга страна, Хрватите за просечна плата можат да купат околу 165, а Словенците речиси 340 литри бензин.

Кога е во прашање соодносот меѓу цената на горивото и просечните пензии, тогаш српските пензионери можат да купат најмалку гориво, а по нив се босанските. Македонскиот и црногорскиот пензионер можат да купат речиси 45 литри повеќе бензин од оној во БиХ, а хрватскиот пензионер и 50 литри поеќе. Словенечкиот пензионер со најниска пензија може да купи дури 200 литри бензин повеќе отколку пензионер од БиХ, кој месечно прима околу 340 конвертибилни марки.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Граѓаните на Македонија јадат најмногу благо во регионот

(ВИДЕО) Им сечеле глави на кучиња и ги замрзнувале: Страшни снимки од прифатилиште за животни во Србија

А1он

(ВИДЕО) Хорор од Белград го шокираше светот: Уапсен татко кој брутално ја претепа својата ќерка тенисерка на тренинг

А1он

Курти за „Ла Република“: Постои опасност од нова војна меѓу Косово и Србија

А1он

Мицотакис за прислушувањето на Андрулакис: Погрешно беше, не требаше да се случи

А1он