Македонија во август годинава вкупно потрошила 564.426 мегават часови електрична енергија, 22.137 милиони нормални метри кубни природен гас, 422.280 тони јаглен и 100.127 тони нафтени продукти.
Според податоците на Државниот завод за статистика, 79,6 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори, а 95,7 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на струја.