Во Албанија за седум месеци штетата во туризмот милијарда евра

Од:

Во изминатите седум месеци од годинава во Албанија влегле 3,6 милиони странски и албански државјани помалку во споредба со истиот период минатата година.

Во периодот јануари-јули 2019 година 6,3 милиони лица влегоа во Албанија, додека оваа година, за истиот период, влегоа околу 2,7 милиони, односно помалку за околу 58 отсто, што е последица на пандемијата со Ковид-19 и затворањето на границите.

Експертот по економски прашања Бесарт Кадиа оценува дека економската штета може да достигне и до милијарда евра.

„Се проценува дека од јануари до крајот на август во секторот туризам може да имаме штета до милијарда евра. Во следните години, 2021, па дури и 2022 година, ќе имаме економски тешкотии во отсуство на приходи од оваа индустрија толку битна за албанската економија“, вели Кадиа.

Тој додава дека за време на пандемијата околу 30.000 лица останале без работа, а од друга страна немало барања за нови вработувања.

„Значи, непосредното влијание е недостигот на приход што повеќето од помладата генерација го остваруваа во текот на летото, кои потоа ги трошеа за студии или за други нешта во текот на годината“, смета докторот по економски науки, Кадиа.

Поради пандемијата 80 отсто од албанските граѓани кои живеат и работат во други земји ниту летниот одмор не го поминаа во родниот крај.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија