ВМРО-ДПМНЕ: Воведувањето на таканаречениот прогресивен данок ќе значи осиромашување на државата

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните се сериозно загрижени од последните најави дека СДС има намера да ја менува даночната политика во Република Македонија.

Менувањето на даночната политика, воведување на таканаречениот прогресивен данок и напуштањето на таканаречениот рамен данок, сериозно ќе значи осиромашување на нашата држава, но и граѓаните. Токму од тие причини имаме право да чувствуваме загриженост, како ние така и граѓаните во Република Македонија.

Зголемувањето на даноците кое го планира СДС ќе удри директно по џебот на граѓаните и ќе значи уништување на стопанството и економијата. Со менување на даночната политика, односно со зголемувањео на даноците никој нема да добие ништо, а најмалку граѓаните и државата.

Од неофицијални информации дознаваме, а тоа и не загрижува дека министерот Тевдовски веќе најавил во Светската банка дека оваа антиреформа СДС има намера да ја имплементира

Ова зголемување на даноците ќе повториме уште еднашка ќе удри по џебот на граѓаните, ќе направи голема штета во целост на македонската економија. Од нашето досегашно искуство во комуникација со преку неколку илјади странски инвеститори па и домашни инвеститори можеме да кажеме дека зголемувањето на даноците ќе значи намалување на заинтересираноста на истите да инвестираат во нашата држава, а со тоа ќе се намали можност и за отварање на нови работни места и во голема мера ќе значи напуштање на досегашните инвестиции односно загрижува фактот дека голем број Македоски работници кои што го остваруваат својот личен доход во производните капацитети во индустриските зони кои што се отворени ширум Република Македонија ќе останат без сопствената егзистенција.

Дополнително загрижува и фактот дека Владата на СДС ја известила Светската банка дека ќе ги зголеми придонесите за пензиско и здравствено осигурување, со што дополнително ќе ги оптовари компаниите, со тоа ќе ја зголеми нивната неконкурентност, а на крајот од денот тоа ќе имплицира бркање од работа на работниците и напуштање на Македонија од страна на инвеститорите кои сакаат или веќе инвестирале во Република Македонија.

Овие антиреформи на СДС ќе ја тргнат Република Македонија од мапата на инвеститорите во светот и ќе ја спуштат длабоко на листата на Дуинг бизнис како неатрактивна земја за инвестирање, каде што како еден од најголемите аргументи а и предности до сега го имавме рамниот данок.

Очекуваме СДС сериозно да ги преиспитаат овие свои намери да прекинат со деструктивната политика и да почнат со реализација на сите оние проекти кои ги најавуваа така силно во периодот на предизборието.

Граѓаните од нив не очекуваат менување на даночната политика, не очекуваат зголемување на даноците туку очекуваат минимална плата од 16 000 денари просечна плата од 30 000 денари да отворат нови 64 000 работни места, да изградат нови 500 км автопат, да изградат нови електроенергетски објекти, 100 000 денари плата за докторите. Граѓаните тоа го очекуваат тоа од СДС. Ќе повторам не очекуваат зголемување на даноците кое што го најавуваат.

Граѓаните од СДС очекуваат да го реализираат ветеното во периодот на предизборието“, изјави Христијан Мицкоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски