ВМРО-ДПМНЕ: Власта троши буџетски пари за морски плодови среде криза, додека половина милион луѓе живеат во сиромаштија со 150 денари на ден

Од:

„Среде тешка економска криза антимакедонската СДС безмилосно ги троши народните пари на луксузирање. Додека народот едвај врзува крај со крај Службата за општи и заеднички работи на Владата за 20 илјади евра набавиле морски плодови, риба и октоподи“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Клептоманите од владата освен за морски плодови, потрошија 250 илјади евра за мебел, 5 милиони евра за службени возила, милиони за цвеќиња, жардињери, хотелски услуги, позлатени лажици, чинии и слични трошоци. Впрочем дезертерот Ковачевски од позиција на заменик министер предвидел 100 милиони евра непродуктивни трошоци, иако знаел во каква криза се наоѓаат граѓаните и државата.

Бесрамно е да се трошат буџетски пари за аздисување во услови кога половина милион жители живеат во сиромаштија со 150 денари на ден. Бесрамно е да има 100% реализација на непродуктивни трошоци, а реализацијата на капитални инвестиции да е само 30%. Бесрамно е да се бара граѓаните да штедат, а владата да арчи“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски