ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС нема намера да престане со задолжувањето на државата

Од:

Министерството за финансии на чело со СДС, според ВМРО-ДПМНЕ, покажа дека нема намера да престане со задолжувањето на државата преку издавање државни хартии од вредност.

Соња Гелова Стојанова денеска во изјава пред Министерството за финансии рече дека тоа е нешто што само до пред неколку месеци СДСМ го оценува како криминал и јавно им се закануваа на заинтересираните банки.

– Кога тоа се правеше претходно по исти, па дури и подобри услови, СДС и ним блиските медиуми креваа хистерија, а сега молчат и одобруваат, истакна Гелова Стојанова.

Според неа, ова е лицемерието на СДС, едно да говорат во опозиција, а друго да прават на власт. – Тие, рече, дури без срам планираат до крајот на годината освен тековните задолжувања да го зголемат долгот за дополнителни 150 милиони евра.

Таа рече дека досега Владата на СДС само по основ на овие аукции се задолжи 70-тина милиони евра. Последната аукција, додаде, изнесуваше 10,6 милиони евра од која само 227 илјади евра ќе се вратат како отплата на доспеан долг, а остатокот е чист долг на грбот на граѓаните. – Нема ни збор за што ќе се искористат овие пари, дали со нив ќе се прави некој пат, некоја канализација, некое училиште, градинка или болница. Напротив, средствата за ваквите проекти во ребалансот тие безмилосно ги кратат, Гелова Стојанова.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

СДСМ: На Македонија и треба единство за членство во ЕУ, а не за мораториум

Митрески: Повисоки пензии, енергетски пакети и зимски регрес, пензионерите заслужуваат подобар стандард

Орце Костов

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски