ВМРО-ДПМНЕ: Владата е неспособна, Македонија е меѓу државите со највисока инфлација

Од:

Неуспешното справување со инфлацијата од страна на Владата на СДСМ и ДУИ и од страна на Народната банка нѐ искачи веќе подолг временски период на врвот на листата во Европа според висината на стапката на инфлација велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– И во јули, според објавените податоци за годишната инфлација (на 21 држава), Македонија е на 4-тото место. Вкупно 17 држави имаат пониска инфлација, а само три имаат повисока инфлација од регистрираната во Македонија. Годишната инфлација во Македонија е и двојно повисока од годишната инфлација во Албанија во јули 2022 година. Ова покажува дека животот поскапе значајно повеќе кај нас дома отколку во Европа. Воедно, ако на ова додадеме дека порастот кај платите не ја следи стапката на инфлација во повеќето сектори во економијата, тогаш јасно е дека народот е значајно осиромашен. Наместо мерки за спречување на економската криза и помош за граѓаните и најранливите категории, државата се решава да удри директно по џебот на граѓаните и со зголемување на даноци да го полни испразнетиот буџет. Оваа Влада ни донесе национална и економска катастрофа. За излез од оваа економска катастрофа која и се случува на државата и за запирање на сите национални предавства потребни ни се предвремени парламентарни избори се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ нуди „рамковен договор“ за економијата, бизнисот бара владеење на правото

ДУИ: Мицкоски стравува од победничкиот Европски фронт

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ги потврди листите за пратеници

Катерина Ѓуровски

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Формирана „Коалиција за европска иднина“

Предраг Петровиќ

СДСМ: Безбедни ученици, бесплатен топол оброк во средно и основно

Горан Наумовски