ВМРО-ДПМНЕ: Усвојување на предлогот на СДСМ ќе значи бркање од работа на 30.000 работници

Од:

ВМРО-ДПМНЕ смета дека со предлогот за зголемување на минималната плата СДСМ покажа колку е несериозна и површна во идеите што ги пласира во јавноста.

– Очигледно е дека нивните прес конференции служат за да пополнат време и да прикажат лажна грижа за граѓаните. Денешната прес конференција е само бледо оправдување и смешно објаснување за погрешните закони кои што само пред една недела ги поднесоа во Собрание, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ на која говореше пратеникот Јован Митрески.

Во неа се додава дека во време на владеењето на СДСМ не постоеше минимална плата, иако, како што се наведува, имаа предизборно ветување дека ќе ја воведат. – Кога СДСМ беше на власт синдикатите неколку пати бараа воведување минимална плата и секогаш беа одбивани. Во време на СДСМ имаше луѓе кои добиваа минимални 4.000 денари како плата, стои во реакцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ Усвојување на предлогот на СДСМ ќе значи дека уште утре најмалку 30.000 работници да бидат избркани од работа заради зголемените трошоци на фирмите. Очигледно, посочуваат во реакциајта, тоа за СДСМ не е значајно бидејќи тие во својата историја имаат донесено одлуки со кои 200.000 луѓе останаа без својата егзистенција. На овој начин, како што предлага СДСМ, наместо да им се помогне, ќе им се наштети на најмалку 30.000 семејства и тоа на оние кои имаат најниски примања.

Во реацијата ВМРО-ДПМНЕ наведува дека да останеше СДСМ на власт до денес се уште ќе немаше закон за мининмална плата и додадва дека денес таа изнесува 9 590 денари, а за само неколку месеци, од следниот јануари, по сила на важечкиот закон минималната плата секако ќе биде зголемена на 10.080 денари.

– СДСМ ако толку многу имаат грижа за граѓаните и сакаат да помогнат, нека ги вратат парите кои ги земаа како плата 15 месеци додека не одеа на работа, нека ги стават во специјален фонд, за потоа да им се распределат на оние граѓани на кои што им е најпотребно, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Митева: СДС и ДУИ го донеле буџетот во опасност од Арбитражни побарувања од 1.3 милијарди евра

Со добра координација ќе се надмине овој „ситен проблем“ порача Таравари по превирањата за Законот за бранителите

Митева: Владата на СДС и ДУИ поделила 100 милиони евра без јасни критерими констатира ДЗР, тоа се пари безмалку доволни за изградба на Клиничкиот во Скопје

Петрушевски: Додека владата должела 50 милиони за субвенции на земјоделците, Николовски плаќал хотелски соби од неколку стотина евра

Катерина Ѓуровски

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа членовите на Советот на јавни обвинители да поднесат оставки