ВМРО-ДПМНЕ: Со пари за земјоделците Владата ќе го финансира невладиниот сектор

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини Владата дека 30 милиони денари од буџетот на Министерството за земјоделство пренаменила за финансирање на невладиниот сектор.

– Лицемерието на СДС на свој грб најмногу го почувствуваа земјоделците. Тие секојдневно се соочуваат со проблемите за кои новата Влада нема абер да ги решава. Дополнително, со ребалансот на буџетот предвиде кратење на средствата за земјоделците. Парите на земјоделците ги кратат, ама затоа предвидуваат пари од ставката земјоделство за финансирање невладини организации, изјави Никола Мицевски.

Јавноста, рече, сака да знае каде и за што ќе завршат овие пари.

– Финансирањето на невладините организации ќе биде со цел да ја покриваат лажната и лицемерна политика на Владата на СДС и Заев, да ја замајуваат јавноста и да ја дефокусираат од суштински прашања. Овие невладини организации, финансирани со пари на граѓаните, треба да ги кријат проблемите на граѓаните. Нивната задача ќе биде да ја фалат работата на Владата секогаш кога ќе направат погрешен потег во земјоделствоо или кога ќе предизвикаат катастрофа како што тоа е во моментот, истакна Мицевски.

Според него, со предложениот ребаланс се кратат 100 милиони денари во ставката за рурален развој или цели 128 милиони денари од буџетот на МЗШВ намeнети за капитални инвестиции, а се предвидуваат 30 милиони денари за финансирање невладини организации.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Сексистички навреди кон Силјановска на митингот во Куманово, Пендаровски се смее