ВМРО-ДПМНЕ: Секоја година владата на заевизмот најавува економски бум и капитални инвестиции, а резултатот е катастрофа и кризи

Од:

„Нова буџетска година, а стари излитени лаги од страна на власта на СДСМ и ДУИ. На почетокот на секоја година криминалната власт на заевизмот најавува економски бум, квантен скок, рекордни капитални инвестиции, кули и градови. А вистината е дека од нивната економска политика имаме само катастрофални последици“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта на СДСМ и ДУИ повторно најавува рекордна реализација на капитални инвестиции, а минатата 2021 година се заврши само со 45 проценти реализација. Капиталните инвестиции во време на заевизмот половина остануваат само на хартија, а половина завршуваат со зделки во четири очи бидејќи на власта не им е битен државниот и интересот на граѓаните, туку партиските и личните бизнис интереси.

Ако го погледнеме периодот 2018-2021, годишниот процент за реализација на капитални инвестиции е само 7% од вкупните расходи, што е многу помалку во споредба со реализацијата во претходниот период.

Ова значи дека или тоа што заевизмот сам го зацртал не е способен да го реализира, или секоја година лаже.

Да потсетиме дека СДСМ и ДУИ ветуваа големи капитални инвестиции и од буџетот за 2021 и од буџетот за 2020 но Македонија западна во тешка економска , енергетска и здравствена криза. Македонија е земја која освен во растот на долгот, нема раст на ниту еден економски параметар.

Последни сме во регионот по странски инвестиции, па така и Косово и Албанија и Србија имаат по неколку пати повеќе странски инвестиции по глава на жител во споредба со Македонија.

Токму власта на заевизмот ги има потрошено најголемите буџети во историјата на Македонија, во просек по 4 милијарди евра годишно, а нема ниту еден капитален проект реализирано. Сите пари ги изеде криминалот и корупцијата на владата на заевизмот, чиј дел беше и е самиот пиун Ковачевски“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски