ВМРО-ДПМНЕ испрати соопштение во врска со реакцијата на СДСМ на изјавата на Лилјана Кузмановска.
„Министерот за задолжување Тевдовски ја уништи македонската економија со своите катастрофални економски политики.
Црната Тројка Заев, Тевдовски, Анѓушев во изминатите 3 ипол месеци потрошија 420 милиони евра пари на граѓаните, пари кои ги користеа за хедонизам и луксузирање и партиски вработувања.
ВМРО-ДПМНЕ 11 години инвестираше во капитални проекти од огромно значење за граѓаните на Македонија, проекти кои ќе останат за идните генерации.
Секој пат кога СДС и нивните министри го превземаат кормилото на македонската економија, макроекономските показатели се движат во надолна линија.
Ова е случајот и во моментов. Откако неспособниот Тевдовски седна на министерската фотелја бруто домашниот производ се намали за 1.8 проценти. Просечната плата која СДС ветуваше дека ќе стане петстотини евра се намали за 0.7 проценти.
Катастрофалната политика на Тевдовски и Заев ќе избрка голем број на странски инвеститори кои ќе отвореа илјадници нови работни места и значително ќе ја подобреа економската клима во државата.
Тевдовски секојдневно ја движи македонската економија кон еден огромен амбис што ќе предизвика неминовен банкрот на државата. Ова лудило и економска катастрофа ќе запре на 15-ти октомври кога оваа неспособна влада ќе ја делигитимираат македонските граѓани со огромен пораз на локалните избори“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.