ВМРО-ДПМНЕ: Се што им вети на земјоделците Заев пред избори ги излажа

Од:

„СДСМ континуирано ги лаже земјоделците и сточарите. Зоран Заев се што им вети на земјоделците пред избори ги излажа.

Поради неисполнетите ветувања на Заев, земјоделците од Велес излегоа на протест. Погубните политики на оваа влада го уништуваат земјоделието и сточарството во Македонија.

Сточарството и земјоделието се пред колапс. Ниските откупни цени за јагнето се грабеж врз сточарите. Сточарите се уценувани од откупувачите заради негрижата и незаинтересираноста на државата и Министерството за земјоделие. Откупните цени се катастрофални и погубни за сточарите. Сточарите мака мачат додека Министерот се луксузира по хотели со пет звезди на најефзотичните дестинации.

Оваа влада е синоним за неуспех и политики кои што негативно се одразуваат врз земјоделието низ целата држава.
Министерот Николовски на чело со Заев и СДСМ мора да поднесе одговорност за очајната состојба во македонското земјоделие.

Со СДСМ Република Македонија само тоне. Нема просперитет со власта на Заев, токму затоа потребно е што побргу да си заминат“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ги потврди листите за пратеници

Катерина Ѓуровски

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Формирана „Коалиција за европска иднина“

Предраг Петровиќ

СДСМ: Безбедни ученици, бесплатен топол оброк во средно и основно

Горан Наумовски

СДСМ: Платформа од минатиот век се нови лажни ветувања на ДПМНЕ по пример на Скопје

(ВИДЕО) СДСМ и Движењето Нова Република потпишаа меморандум за соработка во пресрет на изборите