ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ манипулира со пензионерите

Од:

Методија Гочевски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека СДСМ ги потценува и манипулира пензионерите бидејќи ветувале покачени пензии, а го укинале покачувањето.

– Во време на ВМРО-ДПМНЕ пензионерите добиваа по 670 денари покачени пензии месечно, односно годишно тоа е над 8.000 денари плус. Денес со исплатата на последната пензија нема покачување. Напротив тие направија само законско усогласување што е и обврска со закон со што добија наместо 670, 180 денари, во просек. Ова е манипулација со пензионерите. СДС ги оштети македонските пензионери за 8.000 денари покачување кое ќе го добиваа со владата на ВМРО, рече Гочевски.

Тој додаде дека СДСМ освен што кратат од пензиите, за само три месеци ја задолжиле државата за 170 милиони евра, а дополнително од државните резерви стопиле уште 177 милиони евра.

– СДС потроши над 46 милиони евра народни пари на стоки и услуги што предвидуваат набавка на мебел и луксузирање како и склучување на договори со партиските послушници. Владата покажува неспособност која ќе биде казнета од граѓаните, рече Гочевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска повторно демонстрира неверојатна способност за исчезнување кога советниците поставуваат прашања