ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ крати од буџетот за земјоделство

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини СДСМ дека крати од буџетот за земјоделство наместо покачувањата и поволностите за земјоделците кои ги ветувала за време на изборите.

– Заев во текот на февруари оваа година ветуваше интервентен фонд од 6 милиони евра. Тој фонд го нема, а пари за тоа не се предвидени во ребалансот. Затоа има зголемување во ставката за плати за администрацијата со што го подготвуваат теренот за полнење и на Министерството за земјоделство со партиски послушници и потрчковци, изјави Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Заев, како што рече, во текот на изборите ветуваше 160 милиони евра годишно за субвенции за земјоделците, за сега наместо ветеното покачување да прави кратење од 100 милиони денари во ставката за рурален развој.

– СДС зборуваше како се потребни повеќе пари за капитални инвестиции и за подобрување на инфраструктурата во секоја смисла, за сега од позиција на власт да крати цели 128 милиони денари од буџетот на Министерството за земјоделство наменети за капитални инвестиции, рече Мицевски.

Тој нагласи дека СДСМ крати од парите наменети за хидросистемот „Злетовица“, акумулација која, како што рече, треба долгорочно да го реши проблемот со наводнување и водоснабдување на над 100.000 жители во североисточниот дел на Македонија и ќе продуцира електрична енергија.

– СДС бесрамно крати и 4 милиони денари за проектот Јужна Вардарска долина, кој ќе овозможи зголемена продуктивност и одржлив развој на земјоделското производство во регионот на јужното Повардарие. СДС не им мисли добро на земјоделците и тоа од ден во ден е се поочигледно, потенцира Мицевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ги потврди листите за пратеници

Катерина Ѓуровски

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Николова: Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје

ВИДЕО: Време е за 90 пратеници и една изборна единца порача Мицкоски во промоцијата на изборната програма

Катерина Ѓуровски

Членство во ЕУ и продолжување на стратешкото партенство со САД – изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја презентира програмата за парламентарните избори 2024