ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ изврши финансиски тероризам

Од:

СДСМ изврши акт на финансиски тероризам со кој и’ нанесе директна штета на Република Македонија.

Со манипулациите и притисоците до светските финансиски институции со цел да создаде вештачка паника, СДСМ директно ја оштети Македонија за 25 милиони евра, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Кире Наумов.

Разликата во каматата од првото издавање на еврообврзницата кое беше одложено поради деструктивното делување на Заев и СДСМ до второто издавање е директна заслуга само на СДСМ.

Поради СДСМ граѓаните на Република Македонија ќе бидат оштетени за 25 милиони евра, пари кои ќе останеа во државната каса доколку аболицираниот криминалец Заев не тргнеше со сите сили да го руши рејтингот на Македонија во светот.

Овој срамен, противдржавен чин на СДСМ е уште еден показател дека оваа криминална банда предводена од аболицираниот криминалец Зоран Заев се раководи единствено по логиката „Колку полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ“.

Ова е втор обид за финансиски тероризам на СДСМ во само неколку месеци. Аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговите послушници неодамна им нанесоа штети во вредност од милиони евра на македонските граѓани преку ширење на лаги од фабриките за афери за наводна девалвација на денарот. СДСМ свесно креираше паника и ги натера граѓаните без постоење на објективни причини да ги повлекуваат заштедите и да изгубат огромни средства на име на камати.

Главна цел на аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ е нарушувањето на финансиската стабилност и финансиските текови во Република Македонија.

Големиот интерес на пазарот од страна на инвеститорите за еврообврзницата докажа дека никој не верува во лагите на Заев и СДСМ кои имаа едниствена цел да и наштетат на Република Македонија.

Граѓаните тоа добро го знаат и затоа не му дозволуваат на СДСМ да се доближи до власта. Заев и СДСМ ќе одговараат пред народот за сите штети кои свесно и ги нанесуваат на државата. Сметката ќе им биде испорачана на изборите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Барањето за еврообврзницата во Правда стигнало два дена по констатираната оставка на Тупанчевски

Димитриеска Кочоска: Откажувањето на еврообврзницата го сруши угледот на земјата

Кузеска: СДСМ се менува и победува, ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во режимската матрица

Катерина Ѓуровски

ВМРО: Царовска да покаже разбирање за проблемите на матурантите

(ВИДЕО) Кузеска: Секоја партија, секој поединец има одговорност да се вклучи во пописот

Словенија издаде еврообврзници со рок на враќање од 60 години

Жарко Настоски