ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги троши највисоките буџети во историјата на Република Македонија

Од:

„Криминално рекетарската влада на Зоран Заев и СДСМ е елементарна непогода за македонската економија.

Зоран Заев и СДСМ наместо животот кој го ветуваа за три години донесоа беда и крпен живот за граѓаните на Република Македонија.

Погрешните економски политики но и зголемените даноци на СДСМ донесоа огромна штета на граѓаните и бизнисите во земјава.

Економското цунами како и рекетот кој го спроведува власта секојдневно ги осиромашува граѓаните, ги уништува бизнисите и ги одвраќа инвеститорите.

Во ситуација кога регионот бележи економски подем и рекорден раст на странски директни инвестиции, Македонија со СДСМ има рекорден пад од 84,2% за периодот јануари – јуни споредени со минатата година. Македонија со СДСМ во првата половина на 2019 година има ниски 48,7% милиони евра странски инвеститори, додека пак Србија има 1,7 милијарди евра, Словенија 561 милион, а Бугарија 286 милиони евра. Тоа значи дека по глава на жител Бугарија е 2 пати подобра од Македонија, Словенија 11 пати, а Србија дури 22 пати подобра од Македонија“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Погрешните мерки на власта се одразија и во индустријата каде за само една година имаме пад на бројот на работници од 2,5%, односно на 100.000 работници Македонија има 2.500 помалку.

Капиталните инвестиции повторно се на најниско ниво и изнесуваат само 24,5%, но затоа пак долгот е на највисоко ниво и тој надмина 5 милијарди со што ја надмина психолошката граница од 50% од БДП.

СДСМ ги троши највисоките буџети во историјата на Република Македонија, а немаат направено никаков развоен проект кој ќе ја подигне економијата и граѓаните немаат видено никаков бенефит.

Граѓаните наместо да стануваат побогати власта постојано ги прави посиромашни со тоа што им ги зголемува давачките, даноците и секојдневно ги ограбува преку непотизам и наместени тендери, грантови кои завршуваат кај криминалците блиски до Зоран Заев и врхушката од власта.

СДСМ и Зоран Заев единствено покажаа дека знаат да крадат, лажат и уништуваат. Бедата која тие ја донесоа не смее да продолжи. Токму затоа неопходни се предвремени парламентарни избори за конечно да си замине оваа криминално рекетарска влада на СДСМ и да започне обновата на Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Сексистички навреди кон Силјановска на митингот во Куманово, Пендаровски се смее

Каевски: ДПМНЕ го врати речникот од 27 април со нападите врз Пендаровски

СДСМ: ДПМНЕ го врати речникот од 27 април со нападите врз Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски да каже дали го прифаќа условот на ДУИ за поддршка во вториот круг

Катерина Ѓуровски

Не е точна информацијата за наводен колапс на Клинички центар – Мнистерството за здравство реагира на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ

Три дена затворени сите сали на хирургија во Клинички, нема операции за итни пациенти обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски