ВМРО-ДПМНЕ: СДС со предложениот ребаланс на буџетот го зголемува задолжувањето на Македонија

Од:

„Секој ден, до крајот на годината, граѓаните на Република Македонија кога ќе се разбудат државата ќе биде задолжена за нови 1,2 милиони евра повеќе од планираното.

Антиреформската влада на СДС со предложениот ребаланс на буџетот го зголемува задолжувањето на Македонија.

СДС, Драган Тевдовски и Зоран Заев со месеци наназад зборуваа за нивната загриженост дека Македонија е презадолжена, а сега откако дојдоа на власт предлагаат ребаланс на Буџет во кој предвидуваат поголемо задолжување на државата до крајот на годината за 150 милиони евра.

Уште во првиот месец откако дојдоа на власт ја задолжија државата со 60 милиони евра.

Во ставката домашно задолжување владата на СДС планира наместо 17,8 милијарди денари да се задолжи за 20,7 милијарди денари. Тоа се нови 48,3 милиони евра долг кон домашните доверители.

Во ставката задолжување кон странство Владата на СДС планира наместо 12,3 милијарди денари, да ги задолжи граѓаните со 18,4 милијарди денари. Со ова планираат да не задолжат дополнителни 100 милиони евра повеќе кон странски доверители.

СДС ги лажеше граѓаните на Република Македонија. Ветуваа дека нема да се задолжуваат, а сега со ребалансот најавуваат дека за само 5 месеци ќе го зголемат планираното задолжување за речиси 150 милиони евра.

Граѓаните на Република Македонија имаат право да знаат зошто државата се задолжува со толкава сума и каде СДС ќе ја потроши. Луксузите, октоподите, морските плодови, цвеќињата, партиските вработувања и вдомувањата на соросовите платеници не смее да биде на трошок на граѓаните.

Граѓаните со право се прашуваат зошто СДС планира да го зголемува долгот, а притоа нема минимална плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари, ниту пак плата од 100.000 денари за докторите“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Сексистички навреди кон Силјановска на митингот во Куманово, Пендаровски се смее