ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема легитимитет да зборува за цената на еврообврзницата

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на соопштението на Министерството за финансии.

„СДС немаат легитимитет да зборуваат за цената која ја плаќаат за еврообврзницата. Поради нивната антидржавна политичка кампања што ја водеа минатата година, сега граѓаните плаќаат 20 милиони евра повисока кампања.

Благодарение на писмата кои тие како партија ги пишуваа до инвеститорите и ги повикуваа да не ја купуваат еврообврзницата тие ги чинеа македонските граѓани 20 милиони евра.

Ова беше рамно на финансиски тероризам против својата земја.

Сега хипокризијата во СДС го достигна врвот. Сега тие лицемерно изјавуваат дека затоа што се поправила политичката ситуација се намалила каматата. СДС беше причината за кризата. СДС беше партијата која креираше хистерија и тоа беше причината за повисоката камата.

Пазарот на пари беше и тогаш и сега ликвиден, односно има пари, но СДС секогаш е причината поради кои граѓаните скапо плаќаат. Вака ќе биде ситуацијата со пазарот на пари се до следната хистерија која СДС ќе ја предизвика“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Откако ќе формираме влада, ќе поевтинат сметките за струја

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Пендаровски и Ковачевски бегаат од одговори за аферата со Еисин

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните знаат дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе вети проект тој и го реализира

ВМРО-ДПМНЕ: Во програмата „Платформа 1198“ се обврзуваме на нови 55.000 работни

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Ковачевски и Пендаровски фатени во скандалот со експертот за црна кампања Исеини- кој и со чии пари го плаќа?

ВМРО-ДПМНЕ: Владата во заминување повторно удри по граѓаните, Ковачевски со 2500 евра апанажа не чувствува глад