ВМРО-ДПМНЕ: Ребалансот на буџетот само ги покажува безидејните политики на власта на СДСМ и ДУИ кои носат економска катастрофа

Од:

„Како што буџетот за 2022 не беше развоен и не обезбедуваше подобар стандард на граѓаните, така и презентираниот ребаланс нема да ги промени економските состојби. Напротив ќе продолжи економскиот хаос и пропаѓање. Ребалансот на буџетот само ги покажува безидејните политики на власта на СДСМ и ДУИ“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Фатмир Бесими.

„Кратењето на капиталните инвестиции докажува дека оваа власт нема ниту план ниту визија како Македонија да излезе од економската криза, за која самата е одговорна. Ако на ова се надоврзе лошата реализација, тогаш доаѓаме до заклучок дека нема да има речиси никаква активност на владата на овој план, што е клучен за економијата.

Ребалансот на буџетот покажува дека оваа влада во услови на криза предвидела стотици милиони евра непродуктивни трошоци, од кои само дел се кратат. Тие стотици милиони евра требаше да бидат искористени од самиот почеток на годината за заштита на стандардот на граѓаните и поддршка на економијата. Со тоа ќе се спречеа последиците на кризата, за која и самите говореа дека занеле дека ќе дојде уште од минатата есен. Сега наместо да се превенира, ќе се потрошат двојно повеќе средства за да делумно се санираат негативните ефекти.

Јавноста веќе се изнаслуша години наназад дека владата креира акциски планови, инвестиции, мерки и програми, а резултатот од тоа е економска катастрофа. Македонија има најмал раст на БДП, Македонија е најсиромашна држава во Европа, Македонија има една од највисоките стапки на инфлација, Македонија има над 35% од населението во ризик од сиромаштија и редица други поразителни економски резултати“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски