ВМРО-ДПМНЕ: Најголемиот буџет кој владејачкото мнозинство го изгласа значи дополнителен удар на и така крахираната економија

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Хари Локвенец од СДСМ.

„СДСМ се обидува на секој можен начин да ја манипулира и дефокусира јавноста од реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните.

Најголемиот буџет кој владејачкото мнозинство го изгласа ќе значи дополнителен удар на и така крахираната економија. Патем мнозинството немаше воопшто слух да прифати конструктивни амандмани на буџетот кои ВМРО-ДПМНЕ ги предложи со кои се предвидуваше подобрување на инфраструктурата, економијата, стандардот на граѓаните, стипендиите за студентите, студентски град, унапредување на животот во руралните средини, повраток на 15% од платениот ДДВ и слични. На сметка на тоа колку да замачкаат очи на јавноста прифатија 7 амандмани кои речиси и да не чинат многу, а со кои се обезбедуваат прочистувачи на воздух во предавалните на државните универзитети, основните и средните училишта и градинките кои оваа неодговорна власт ги пропуштила во предлог буџетот.

Впрочем тие и денес се подеднакво неодговорни кон народот како што беа неодговорни и кога беа опозиција кога со филибастеринг, бескрајни дебати и опструкции го попречуваа донесувањето на буџетите со цел економијата да ја фрлат на колена, да оневозможат донесување на буџет и со тоа доведување во прашање на нормалните економски текови во Македонија.

Неодговорни беа, неодговорни останаа“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Откако ќе формираме влада, ќе поевтинат сметките за струја

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Пендаровски и Ковачевски бегаат од одговори за аферата со Еисин

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните знаат дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе вети проект тој и го реализира

ВМРО-ДПМНЕ: Во програмата „Платформа 1198“ се обврзуваме на нови 55.000 работни

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Ковачевски и Пендаровски фатени во скандалот со експертот за црна кампања Исеини- кој и со чии пари го плаќа?

ВМРО-ДПМНЕ: Владата во заминување повторно удри по граѓаните, Ковачевски со 2500 евра апанажа не чувствува глад