ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со највисока инфлација во регионот, тоа значи дека граѓаните кај нас најмногу осиромашуваат

Од:

„Во ноември во Македонија измерена е стапка на инфлација од 19,5%, што е највисока стапка на инфлација во регионот и една од највисоките во цела Европа. Ова покажувa дека трошоците за живот во Македонија најмногу растат, а стандардот на граѓаните најбрзо се смалува. Со други зборови народот во Македонија тоне во сиромаштија. Ова е уште еден во низата поразителни економски факти за Македонија во време на власта на СДС и Ковачевски“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија за година и пол има над 12 илјади затворени компании. Економската активност е сериозно забавена и според проценките на Светска Банка, Македонија ќе има најмал раст на БДП во 2022 година во цела Европа, а од нас полоши ќе бидат само Русија и Украина кои се во војна. Дополниелно Македонија се соочува со огромна стапка на сива економија од 33% што е далеку полоша и од Косово и од Албанија. Македонија се наоѓа на дното по привлекување на странски инвестиции, па така Косово, Албанија и Србија имаат двојно, па и тројно повеќе СДИ по глава на жител од нас.

Секаде во секој сегмент Македонија има најлоши економски резултати со оваа власт на СДС и Ковачевски. Тоа мора да се промени. Прво што треба да се случи е час поскоро да си замине оваа власт“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Пендаровски да не ги штитат и да ги кажат странските агентури, кои стојат зад тензиите со Бугарија

Катерина Павлова-Николовска

ВМРО-ДПМНЕ: Таравари е смешен

Стоилковски: Ново бегство од Шутка, ова веќе не е држава, ова е територија на мафијата

Јаневска: Доцни исплатата на стипендиите, а на студентите не им е исплатен субвенционираниот оброк

СДСМ: BМРО-ДПМНЕ им служи на туѓите интереси и работи против членството во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Пендаровски да не кријат и јавно да кажат кои странски агентури влијаат на односите со Бугарија