ВМРО-ДПМНЕ: Македонија оди во погрешен правец, а економијата стагнира

Од:

Според податоците на државниот завод за статистика за третиот квартал од 2019 година извозот бележи рекорден пад во текот на целиот период од јануари до октомври. Тој пад изнесува 5% и е најголем пад во последните 5 години, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Нивото на БДП бележи незначителен раст, кој и покрај вештачкото зголемување изнесува само скромни 3.6%, кое е далеку од ветените 5% раст кои ги најавуваше Зоран Заев во предизборието.

Лошата политика на власта се огледа и во падот на преработувачката индустрија од 0.5%, додека останатите сектори забележуваат скромен и
незначителен раст.

Лоши резултати има и ИТ индустријата која бележи пад од 3.2%.

Сите показатели покажуваат дека лошите економско – даночни политики ја уриваат економијата.

Лошите економски показатели ќе бидат минато по 12 април, кога ќе настапи обнова на Македонија.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски