ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е рекордер по мизерија, со ваква власт граѓаните повеќе ни храна не можат да си дозволат

Од:

„Македонија со СДС, ДУИ и Ковачевски стана рекордер по мизерија и тоа не само во Европа, туку и во светот. Власта донесе таква беда што македонските граѓани забрзано осиромашуваат и трпат за леб. Додека СДС и ДУИ го кројат најголемиот буџет во историјата за богатење на нивните функционери, граѓаните не можат да дозволат да си купат храна“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа го потврди и Светска банка со најновиот извештај кој покажува дека Македонија е во топ 10 земји во светот со највисока реална инфлација во храна, која се пресметува како инфлација во храна минус вкупната инфлација. И таму во друштво на Македонија се земји како Руанда и Зимбабве од Африка.

Ова значи дека со оваа власт граѓаните не можат ни да се прехранат, а камо ли да си дозволат други основни потреби.

Колку е поскап животот и колку е поголема сиромаштијата ни укажува и фактот дека синдикалната кошница за едно семејство за една година порасната е за неверојатни 16.940 денари, односно од 34.574 во октомври лани, на 51.514 денари во октомври оваа година или речиси колку една минимална плата.

Државниот завод за статистика објави дека цените за храна во октомври се повисоки за 32,4%, но основните намирници се пораснати за над 50%. Што значи дека тоа што граѓаните до лани можеле да го купат за 500 денари, сега не можат ни за 1000 денари.

И наместо да го спречи осиромашувањето на народот власта на почетокот на следната година за 2 месеци од сега ќе му зададе нов удар со повисоки сметки за струја, а тоа ќе значи и нови поскапувања.

Дополнителен удар за граѓаните е што илјадници компании затворија заради погрешните политики на СДС и ДУИ, што значи дека во најголемата сиромаштија уште повеќе граѓани ќе останат на улица, а да биде полошо нема ни странски инвестиции.

Македонија е на дното по странски инвестиции во споредба со земјите од регионот, односно кај нас дошле, два до три пати помалку странски инвестиции по глава на жител во споредба со Албанија, Србија и Косово.

Овие факти не може Ковачевски да ги покрие со лагите за розов свет во земјава. На Македонија и се потребни итни предвремени парламентарни избори за веднаш да може да се спречи оваа катастрофа која ја донесоа СДС и ДУИ“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Стоилковски: Единствено што СДС знае е непотизам, партизација, кронизам, Охрид е пример за тоа

Кузеска: ДПМНЕ со Силјановска Давкова нудат враќање назад во изолација

ВИДЕО: Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ за потврда на кандидатурата на Силјановска

Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ: Претседателот има клучна улога во креирањето одбранбени политики, но изминатите пет години Македонија немаше врховен командант

СДСМ: ДПМНЕ се уплашени од кандидатурата на Пендаровски

Катерина Ѓуровски

Пендаровски е „пишман аџија“ вели ВМРО-ДПМНЕ: Малограѓанско политикантство одговори претседателот

Катерина Ѓуровски