ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на Заев и Тевдовски не го полнат буџетот на државата

Од:

„Лагите на Заев и на Тевдовски дека Македонија блеска не го полнат буџетот на државата. Не ги полнат џебовите на граѓаните кои се испразнети како резултат на погубните економски политики на власта. Розовите очила на криминалната банда на власт не го побиваат фактот дека над 500 илјади македонски граѓани живеат под прагот на сиромашијата, а денот го поминуваат со еден оброк.

Живот во Македонија дојде единствено за аболицираниот Заев и неговата криминална банда кои парите на граѓаните, буџетските пари ги трошат за полнење на своите џебови. Буџетската сметка на Заев му служи за исплаќање на концесиите кон своите доверители преку криминални грантови, тендери, партиски вработувања и непотизам.

Задолжувањето расте, економијата е во катастрофална состојба, реализацијата на капиталните инвестиции за првите четири месеци од новата година е под 10 проценти. Парите на граѓаните, парите за кои ги задолжува аболицираниот Заев граѓаните се арчат на непродуктивни трошоци и за исплата на неговите концесии.

На ова економско цунами мора да му се стави крај еднаш за секогаш. Времето на ова влада забрзано истекува, доаѓа времето на реални проекти, економски прогрес и нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференцијата на министерот Драган Тевдовски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

СДСМ: На Македонија и треба единство за членство во ЕУ, а не за мораториум

Митрески: Повисоки пензии, енергетски пакети и зимски регрес, пензионерите заслужуваат подобар стандард

Орце Костов

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски