ВМРО-ДПМНЕ: Кратење на непродуктивните трошења со ребалансот на буџетот е чисто манипулирање на јавноста и признание дека оваа Влада не работи домаќински

Од:

„Најавеното касно кратење на непродуктивните трошења со ребалансот на буџетот е чисто манипулирање на јавноста и признание дека оваа Влада не работи домаќински и во интерес на граѓаните. Прашањето е: Зошто воопшто беа планирани овие 100 милиони евра за непродуктивни трошења сред криза? Да потсетиме, буџетот се носеше во декември 2021 година сред енергетска криза и разгорена инфлација. Опозицијата тогаш јасно укажуваше дека буџетот е расипнички и нереален, со непродуктивни трошења“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„И сега, најавеното кратење на овие средства е јасно признание на власта дека ниту размислувала, ниту креирала навремени мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните, туку планирала средства во буџетот за непродуктивни трошења, односно за корупција и криминали. Мерките за кои се фали оваа погубна Владата дојдоа по реакциите на јавноста и опозицијата дека ништо не се презема во справувањето со енергетската криза и високата инфлација.

Воедно, најавеното кратење на трошењата е од историски највисокиот буџет во 2022 година, кој како основа го зема буџетот во 2021 година! Така, во 2021 година тековните расходи достигнаа рекордно ниво од 3,8 милијарди евра, а трошоците за стоки и услуги историски рекорд од 327 милиони евра или беа повисоки за 30% во однос на 2020 година! И сега најавеното кратење е чиста манипулација“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Сексистички навреди кон Силјановска на митингот во Куманово, Пендаровски се смее