ВМРО-ДПМНЕ: Ќе доставиме закон до Собранието за легализација на трговијата со криптовалути и нивно чување

Од:

„Ќе доставиме закон до Собранието за легализација на трговијата со криптовалути и нивно чување. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе го предложи ова законско решение, кое покрај легализирање и ставање во правна рамка на тргувањето со круптовалути ќе опфаќа и законско ослободување од пресметување на ДДВ за трговијата со криптовалути, а инвеститорите ќе се ослободат и од плаќање на данок на добивка и персонален данок на доход најмалку до крајот на 2023 година“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Со ова законско решение ќе се обезбедат и до половина милијарда евра за буџетот. А тоа се половина милијарда евра повеќе за проекти и мерки за граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ има план и визија како од Македонија да направи земја во која напредните технологии ќе бидат секојдневие.

Време е да фатиме чекор со напредните држави. Време е за нови технологии и нов пристап. Време е за развој. Време е за Македонија за сите луѓе!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски