ВМРО-ДПМНЕ: Катастрофалната економска политика на владата е очигледна и преку ребалансот на буџетот

Од:

„СДС кога беше опозиција устата им беше полна за презадолженост на Република Македонија. Денес кога СДС е на власт ја задолжува земјата што е можно повеќе.

СДС кога беше опозиција аукциите на државни хартии ги сметаше како криминал. Вчера од позиција на власт ги искористија хартиите од вредност да ја задолжат Република Македонија за дополнителни 10.6 милиони евра.

Вчерашното задолжување на владата на СДС го покажува нивното лицемерие. Едно зборуваат, а друго прават.

Таквиот несериозен и неодговорен однос на владата на СДС ја покажа и вчерашната недоверба на банките кон работата на оваа власт, бидејќи побарувачката за државните хартии од вредност беше помала од тоа што го планираше министерот Тевдовски.

Катастрофалната економска политика на владата е очигледна и преку ребалансот на буџетот кој ја покажа нивната антиреформска и расипничка матрица на работа.

Најтрагично е што нема најава дека овие 10.6 милиони евра, би се потрошиле за реновирање училишта, болници или други инфраструктурни проекти.

Секој ден се повеќе граѓаните сфаќаат дека најголем дел од дополнителните 150 милиони евра ќе завршат на ставката вдомување на партиските војници од чистачка до министер, високи хонорари за договорни услуги, партиски хирови и луксузи.

Граѓаните очекуваат од овие 150 милиони евра да се реализираат ветувањата за минималната плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари и плата од 100.000 денари за докторите“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: В среда, на 24 април граѓаните со својот глас за Пендаровски избираат европска иднина

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Ковачевски: ДПМНЕ на Мицкоски е истото ДПМНЕ на стиропор, насилници, криминалци, заплашени медиуми, на шепотење и страв

Орце Костов

Спасовски: Нема да дозволиме враќање во минатото кога шепотевме, се бориме за правда за сите!

Орце Костов

Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека на 8 мај победуваме!

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: ЕУ е единствена шанса за вистински и суштински промени во Македонија

Орце Костов