ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните плаќаат поскапо гориво, поскап леб, поскапи намирници…

Од:

„Погрешните политики на СДСМ граѓаните најдобро ги чувствуваат на својот грб и својот џеб. Ветената плата од 500 евра се уште ја нема. Се отвори спиралата на поскапување па сега граѓаните плаќаат поскапо гориво, поскап леб, поскапи намирници и општо поскапа потрошувачка кошница. Од ден во ден стандардот на граѓанинот тоне, додека власта се богати преку сомнителните тендери, доделувањето на концесии и непотистичките вработувања.

Растот на економијата во Македонија е убедливо најнизок во Европа и регионот, 70% граѓани земаат плата помала од просечната, над 500 илјади граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, над 140 илјади млади се сиромашни, 47,6%младите се невработени и над 70% млади сакаат да ја напуштат државата заради бесперспективност.

Сите овие поразителни бројки се резултат на погубните политики на Заев, Тевдовски и Анѓушев. СДСМ со своите манипулации може самиот себе да се лаже, ама реалноста во Македонија е црна и секој ден станува полоша“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов