ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните ги очекува нов ценовен шок со новото покачување на струјата

Од:

Граѓаните ги очекува нов ценовен шок со новото покачување на електричната енергија, криминалната влада на СДСМ и ДУИ повторно удрија по џебот на граѓаните. Нема повисоки плати, повисоки пензии, социјална помош, нема ниту повисоки субвенции за земјоделците, ниту пак капитални инвестиции, ама затоа за граѓаните ќе има повисоки сметки за електрична енергија за над 20% велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

– Владата на Ковачевски заради својата неспособност ќе ги награди граѓаните со нови енормно повисоки сметки за струја. Со ова покачување на цената на електричната енергија се очекува и зголемување и на така веќе двоцифрената инфлација, а со тоа и покачување на цената на сите основни прехранбени продукти. Без конкретни мерки, без помош за стопанството за излез од кризата, секојдневно се затвараат компании, а граѓаните остануваат без работа заради неспособноста на владата на СДСМ и ДУИ. Додека министрите во владата јадат од златниот прибор од над 40 илјади евра, граѓаните не можат да врзат крај со крај во месецот. За работниците и вработените во јавниот сектор владата нема пари во буџетот за линеарно зголемување на нивните плати од 2.806 денари. ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува протестите на синдикатот за зголемување на платите и е од страна на работниците и нивните права. Единствено што знаат функционерите на СДСМ и ДУИ е да работат за својот џеб и своите луксузирања, а не за доброто на државата и народот. Премногу е, изборите се единствено решение се вели вво соопштението од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

Владата бара да штедиме: Гответе во мало тенџере и туширајте се со тенок млаз вода

Орце Костов

Администрацијата ќе штеди струја од септември: Работа на дневна светлина и греење на максимални 20 степени

Орце Костов

Кочоска Димитриеска: СДСМ се здружена криминална банда со ДУИ, затоа немаат храброст да ги осудат за исвиркување на македонскиот јазик

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски е премиер и професор, а нема факултет меѓу 2000 универзитети на Шангајската листа

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да одговори – Или уставни измени веднаш во Собрание, па да види јавноста дека нема 80 пратеници, или оставка и избори

Ана Ололовска

Мицкоски: СДСМ и Ковачевски работат под диктат на Бугарија

Ана Ололовска