ВМРО-ДПМНЕ: ЕЛЕМ најавува ново поскапување на струјата од најмалку 17%, нов ценовен шок за осиромашените граѓани

Од:

„Со власта на СДСМ и ДУИ на Македонија и се случува енергетска катастрофа, а на граѓаните огромно осиромашување. Само по основ на цената на струјата која ја достави ЕЛЕМ (ЕСМ) за периодот јули-декември 2022 година, која е за 17% повисока од досегашната, се очекува нов сериозен ценовен шок за граѓаните и компаниите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„АД ЕЛЕМ сега пак на грбот на граѓаните ќе го покрива своето катастрофално работење. За само 7 месеци потрошија 200 милиони евра народни пари, во најголема мера за да го надоместат недостатокот на домашно производство на електрична енергија кое лани беше на рекордно најниско ниво од 3200 GWh. Патем ЕЛЕМ од најрентабилна компанија во последните години се претвори во загубар, поради лошите енергетски политики на власта на СДСМ и ДУИ и ужасно лошото раководство на компанијата.

Поради честите дефекти, немањето нови наоѓалишта, поради празни акумулации, поради криминалните тендери во изминатиот период оваа власт за граѓаните ја поскапе цената на струјата за над 30%, а сега готви ново покачување. Ваквото покачување немаше да биде толку големо доколку се работеше домаќински и одговорно. Доколку навреме се произведеше домашна струја која е далеку поефтина од увозната, ќе се уштедеа стотина милиони евра кои можеа да се искористат во нови производствени капацитети.

Доволно беа оправдувањата на власта. Нивната неспособност граѓаните два пати ја плаќаат, еднаш со буџетските народни пари, друг пат со парите од својот џеб. Потребни се избори за оваа власт да си замине“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Арсовски: Дали Бухова и Министерството за здравство дозволиле очната болница на Промедика да врши дејност оперативни зафати без потребни лиценци?

Катерина Павлова-Николовска

ВМРО-ДПМНЕ: Низата понижувања кои ги донесе СДСМ резултираа со одлуките на Комисијата со која се прифаќа бугарскиот наратив за историјата на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Укинати се стипендиите за студирање на најдобрите светски универзитети

Трипуновски: Итно прогласување кризна состојба за да се спречи ширењето на Африканската чума

Ана Ололовска

СДСМ: На следните парламентарни избори Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат поразени

Горан Наумовски

СДСМ: Го штитиме македонскиот идентитет, ВМРО-ДПМНЕ шири лаги за бугаризација