„Економијата под водство на СДСМ оди во бездна. Попусти се сите обиди за замајување на јавноста. Граѓаните од ден во ден живеат се полошо.
Повеќе од една година економијата е на нула. Нема раст, нема развој, нема нови работни места. Државата стагнира и тоа е последица на неспособноста и криминогеноста на картелот.
Додека Коте Заев тргува со македонските национални интереси, економијата тоне, граѓаните осиромашуваат, а фирмите на Заеви и Анѓушев добиваат милионски тендери од државата, влегуваат во бизнисот со наркотици и купуваат огромни индустриски гиганти по цена од обична гарсониера.
Коте Заев и Анѓушев нижат милиони евра преку своите фирми, а платата на граѓаните во февруари, во однос на јануари е за околу 900 денари пониска. Платите паѓаат, а во исто време цените на мало се зголемуваат. Епилогот е намалена куповна моќ и осиромашени граѓани.
Картелот на чело со Коте Заев повеќе од една година го уништува градежништвото, штетите веќе се очигледни. 37% е падот на градежништвото, кое со себе влече 20 – тина индустриски гранки и илјадници вработени.
Граѓаните не ги носат розевите наочари на Коте Заев. Граѓаните секојдневно се соочуваат со бедата која СДСМ ја донесе. Оваа влада направи вистински економски геноцид врз државата. Време е оваа влада да си замине, само така
Македонија може да победи“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.