ВМРО-ДПМНЕ: Да требаше да се распише тендер за во РЕК веќе 100 пати ќе беше направено, но кога се во прашање лекови за пациенти од карцином се чека со месеци

Од:

„Да требаше да се распише тендер за во РЕК веќе 100 пати ќе беше направено, но кога се во прашање лекови за пациенти од карцином се чека со месеци. Пациенти со неколку видови карцином се оставени без соодветната билошка терапија цел месец“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Животот на десетици пациенти е загрозен, затоа што цел месец не можат да ја примат потребната терапија, затоа што во Клиниката за Онкологија ја нема, а ја нема затоа што не е распишан тендер за набавка.

Доколку набргу не се распише тендер за набавка на биолошка терапија ќе снема и за други видови карцином, и животот на голем број наши сограѓани може да стане целосно невозможен.

Што треба да се случи за власта да ги набави потребните лекови? Дали вака ќе се чекаше и доколку требаше да се распише тендер за камиони или ископ во РЕК, или таму имаат интерес фирмите со струмички камиони и тендерите бргу одат?

Апелираме власта да не си поигрува со животите на нашите сограѓани болни од карцином, и веднаш да ја обезбеди потребната билошка терапија“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ги потврди листите за пратеници

Катерина Ѓуровски

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Николова: Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје

ВИДЕО: Време е за 90 пратеници и една изборна единца порача Мицкоски во промоцијата на изборната програма

Катерина Ѓуровски

Членство во ЕУ и продолжување на стратешкото партенство со САД – изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја презентира програмата за парламентарните избори 2024