ВМРО-ДПМНЕ: Четири пакети антикризни мерки, а резултати нула, и економија во рецесија

Од:

„Четири пакети на антикризни мерки досега донесе оваа неспособна власта, резултатите се една голема нула, а економијата е во рецесија.

Економијата во Македонија е во катастрофална состојба, секојдневните лаги и фалења на криминалецот Зоран Заев повеќе не поминуваат кај граѓаните.

Досегашните таканаречени антикризни мерки не даваат никакво подобрување во економијата, напротив секој ден тонеме се повеќе. Државата е во рецесија, сите економски анализи говорат дека 2021 година ќе биде полоша година за економијата од 2020 година“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ брутално излажа дека до сега кај стопанството и кај граѓаните се вратени на 1.2 милијарди евра. Според пресметките и анализите до сега во овие 4 пакета на таканаречни антикризни мерки во економијата се вбризгани едвај 340 милини евра. Најпрвин лажеа дека реализацијата достигнала над 1 милијарда, па сега 1.2 милијарди, а немаат реализација ни една третина од своите лаги.

Зоран Заев мува не го лази за апелите на малите бизниси, угостителите, хотелиерите, туристичките работници за помош во оваа економска криза за да не ги затворат своите бизниси.

Дел од мерките кои неспособната власт ги предложи до сега не ни се започнати, дел од мерките поминаа неславно, а дел власта ги искористи само за поткуп на гласачи за време на предвремените парламентарни избори.

Стопанските комори јасно и порачаа на власта дека голем дел од мерките каснат, а дел ниту се спроведуваат. Мерката која ја предвидоа за намалување на парафискални давачки како и мерката за државна кредитна гаранција се едни од мерките кои не се започнати со никаква реализација.

Лошата економска политика на власта се гледа и во доцнењето на мерката за бескаматна кредитна линија со грант компонента преку Развојната банка. Исто така власта абер нема за реализирање на над 100 милиони евра преку развојна банка кои ги ветија преку 4тиот сет на мерките.

Земјоделците ништо не видоа од ветените 3 милиони евра за финансирање на микро земјоделски субјекти кој власта го вети со третиот сет на мерки.

Лажните ветување Заев и СДСМ им послужија само за пред избори, помош за стопанството нема, секојдневно фирми се затвораат и над 140 луѓе на ден ги губат своите работни места.

Додека граѓаните живеат се потешко и не знаат како да го поминат месецот, Зоран Заев и мала клика од власта секојдневно се богати на грбот на секој граѓанин.

Граѓаните повеќе не им веруваат на шарените лаги на Зоран Заев и СДСМ“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски